Политика на приватност

Политика на приватност

 

Податоци, собирање и употреба

Дуна Компјутери посветува големо внимание на заштитата на вашите лични податоци во сите свои деловни процеси, имплементирајќи ги стандардите воспоставени со прописите за заштита на личните податоци во Република Македонија.

Оваа политика на приватност се однесува на начинот на кој Дуна Компјутери врши обработка на личните податоци.

 

Дуна Компјутери ја почитува приватноста на своите корисници и посетители на веб страницата www.ultima.com.mk и се грижи за заштита на личните податоци. 

Дуна Компјутери врши обработка на лични податоци за корисниците, а во насока на подобрување на услугите кои се нудат на нашите корисници, како и подобрување на содржините и функционалностите на страницата. Обработката на лични податоци се врши само на они податоци кои ни се доставени од ваша страна.

Оваа политика за приватност се однесува само на веб страната на Дуна Компјутери и на сите поддомени. Доколку преку веб страната на Дуна Компјутери е обезбеден линк до други веб страни Ве информираме дека не превземаме одговорност во однос на заштитата на личните податоци кои ја обезбедуваат тие веб страни.

Дуна Компјутери може да понуди области на веб-страница, каде што јавно може да објавите информации за вас, може да комуницирате со други, како дискусија или блогови. Оваа информација може да биде достапна на други корисници и компании и може да се појавува на други интернет страници или веб пребарувања и затоа оваа информација може да се чита, собира и користи од страна на други лица.

Па така на пример, може да се случи да добиете несакани пораки доколку ја објавите вашата е-маил адреса заедно со вашето мислење за одреден производ, Дуна Компјутери нема контрола над тоа кој го чита вашиот пост или над она што другите корисници можат да го сторат со информациите што ви се доброволно изложени, па затоа ве молиме да бидете претпазливи при објавувањето на било какви лични податоци. Со прифаќањето на оваа Политиката за приватност, вие ја давате вашата согласност при учество во дискусии или блогови креирани од страна на Дуна Компјутери, да го објавиме вашето име, заедно со вашите критики, коментари, постови и слично.

 

Корисниците се должни да ги чуваат одговорно нивните кориснички налози и лозинки. Дуна Компјутери не може да се смета за одговорна за неовластено користење на корисничките налози од страна на трети лица, ниту за евентуалната штета на корисникот настаната на тој начин.

 

Пораки доставени преку е-пошта и коментари

Кога ја посетувате нашата веб страница и барате понуди за производи или услуги, оставате коментар, или пак учествувате во нашиот блог, може да побараме да го оставите вашето име, презиме, компанија, телефон, е-пошта и адреса. Собраните информации ги користиме за да одговориме соодветно на вашите индивидуални потреби и да ви обезбедиме ефективна услуга и поддршка.

На сите ваши пораки или прашања пристигнати по е-пошта ќе ви одговориме на истата електронска адреса. Електронската адреса нема да се користи за ниту една друга цел и нема да ја споделиме со ниту една трета страна за цели надвор од примарната – одговор на вашето барање.

 

Новости по е-пошта

Ако се одлучите да добивате информации и новости, вашата електронска адреса ќе се користи исклучиво за да се испратат новостите до вас лично. Можноста за добивање новости е со двојна „опт-ин“ (Opt-in) опција. Вие можете во секое време да се „отпишете“ (Opt-out), при што во ваков случај вашата електронска адреса ќе биде трајно отстранета од нашата база на податоци. Доколку не сакате да добивате вакви информации во иднина, вклучуваме детали на крајот од секој одговор испратен по е-пошта за начинот на кој можете да се одјавите. 

 

COOKIES
Оваа веб страница може да употребува cookies. Cookies се мали датотеки кои се користат за прибирање на информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата веб страна со што се овозможува побрз пристап. Преку Cookies не се прибираат лични податоци. Cookies не може да се користат за работење со програми или пак да пренесат вируси на вашиот компјутер.

Дуна Компјутери може да ги постави и да има пристап до cookies на Дуна Компјутери на вашиот компјутер.

Дуна Компјутери ги задржува датотеките со извештај од сите пристапувања на неговата страница и го следи сообраќајот во мрежата заради управување со страната.

 

Откривање на податоците

Дуна Компјутери го задржува правото на откривање на вашите лични податоци во случаи кога тоа се бара по закон или е потребно во водењето на некоја судска постапка, за заштита на нашите бизнис интереси и интересите на нашите корисници.

Пристапот до вашите лични податоци во Дуна Компјутери е ограничен на оние вработени за кои сметаме дека имаат реална потреба да дојдат во контакт со тие податоци со цел да ви овозможат да ги добиете бараните услуги или производи.

Дуна Компјутери ги превзема сите потребни технички и организациски мерки за обезбедување на сигурност и тајност на Вашите лични податоци, кои се во согласност со постојните законски прописи од оваа област, со цел да ги заштитиме од неовластен пристап, неовластено откривање, неовластена обработка или злоупотреба.

 

Вашите личните податоци ќе бидат чувани не подолго од што е потребно за да се исполнат целите поради кои податоците сесобрани, по што истите ќе бидат избришани од нашиот систем.

Дуна Компјутери не може на било кој начин да сноси одговорност за содржините кои ги објавуваат корисниците. За сите содржини под поединечно корисничко име одговорен е исклучиво корисникот кој го користи. Сите мислења и информации објавени од корисниците на веб страната односно корисниците на блогот претставуваат лични ставови кои корисниците ги објавуваат на сопствена одговорност. Дуна Компјутери не може да се смета за одговорна за содржината на пораките кои се онбјавени при учество во дискусија или блог.

 

Ве молиме да имате во предвид дека во случај на откривање на лични податоци преку други онлајн форуми, истите може да ги приберат и користат други субјекти и затоа ве советуваме и ве предупредуваме да не ги откривате своите лични податоци онлајн на непознати веб страни и а веб страни кои не обезбедуваат заштита на личните податоци, со цел да се спречи неовластено користење или злоупотреба.

 

Вработување во Дуна Компјутери

Информациите кои ги оставате кога сте заинтересирани за аплицирање за работно место во Дуна Компјутери, ќе се искористат за да се одредат способностите и вештините на кандидатитие. Податоците кои ги оставате при пополнување на апликацијата за работа, а истата ги содржи следниве лични податоци: име и презиме, е-пошта, адреса, телефонски број, претходно занимање и квалификации, CV и писмо на мотивации, ќе се користат исклучиво за целта за пријавување на работно место и истите ќе се избришат по остварување за целта за која биле обработени. 

 

Екстерни бројачи на посети

Резултатите од бројачот Гугл аналитикс (http://www.google.com/analytics/) не се јавно достапни и се користат само за статистички анализи. Политиката за приватност на Гугл е достапна на веб-адресата www.google.com/privacy.html.

 

Заштита на личните податоци

Информациите кои ги обработуваме, се грижливо зачувани и не ги даваме на трети лица или компании. Ова ги исклучува нашите партнери кои ни помагаат во водењето на страницата и нашиот бизнис.

По барање на државни органи и во согласност со закон, можеме да предадеме дел или сите собрани информации.

Применетата политика за приватност објавена на оваа веб страница се заснова на Законот за заштита на лични податоци на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.07/05, 103/08 и 124/10). Во електронска форма, пречистениот текст на Законот може да се симне од веб-страницата на Дирекцијата за заштита на лични податоци на Република Македонија (www.dzlp.mk).

 

Ослободување од одговорност

Оваа политика за приватност се однесува само на информациите кои се објавени на нашата веб страница. Интернет страницата на Дуна Компјутери содржи и врски (линкови) до други страни. Ние не сме одговорни за содржините на страните до кои има врски, ниту пак за врските на страните до кои има линкови. Ние не сме одговорни за било каков пренос на податоци кој настанал со страницата до која има врска.

Промениво Политиката за приватност

Го задржуваме правото на промени на Политиката за приватност. Доколку извршиме одредени промени на Политика за заштита на приватноста,  истите ќе ги објавиме на оваа веб страница.

 

Контакт

Доколку имате одредени прашања во однос на Политика на приватноста и собраните и обработените лични податоци од наша страна, може да ги доставите на следните контакт информации (со линк до делот за контакт):

бул. Октомвриска револуција бр. 18
1000 Скопје. Македонија

телефон. 02 / 3104 500
contact@ultima.com.mk