ULTIMA® Asset Tracking е идеално решение за попис на основни средства во секоја компанија и организација. Со ULTIMA®, пописот може да се изврши лесно и навремено, без можност за погрешно внесување на податоци. На овој начин пописот на основни средства е точен и со минимално искористени ресурси.
ULTIMA® Asset Tracking користи софтверска апликација која се синхронизира со постоечката база на податоци на компанијата и податоците за основни средства се префрлаат на мобилен уред со бар код читач. Податоците од извршениот попис на основни средства со внесена локација, инвентарен број и други корисничко-дефинирани параметри, се експортираат назад во базата на корисникот.
Решението ULTIMA® Asset Tracking е составено од две апликации – десктоп и мобилна, кои овозможуваат брз и ефикасен начин на трансфер на податоци од постечка база на податоци кон мобилен компјутер, нивна обработка на повеќе локации каде се врши попис на основните средства, како и враќање на нова состојба од реализиран попис на основните средства. Во пакетот е овозможено генерирање на Barcode слика и можност за печатење на истата.