Дополнителни хардверски и софтверски побарувања
iULTIMA®

iULTIMA® е мобилна ERP апликација која е дел од комплетното ERP и CRM сoфтверско решение ULTIMA® на Дуна Компјутери, дизајнирана за iPad.

Со iULTIMA® компаниите можат да ја подобрат својата услуга и да понудат точни и навремени информации за своите корисници, а во насока на обезбедување на конкурентна предност. Вработените можат да користат голем избор на документи и извештаи директно од терен, кои веднаш ќе се синхронизираат со централната база на податоци на компанијата.

iULTIMA® е додаток на ULTIMA® ERP и може да функционира само како компатибилна апликација на пакетите ULTIMA® Distribution, Standard, Professional и Enterprise.

Со iULTIMA®, корисниците на ERP софтверот од Дуна имаат неверојатна можност да придонесат кон зголемување на продажбата, продуктивноста на вработените и да добијат комплетен преглед на работењето на компанијата. 

 

Спецификација
  • изработка на документи од iPad
  • преглед на досие на коминтент
  • интеграција со базата на компанијата
  • интеграција со ULTIMA® ERP пакетите