Профил

Веќе две децении, Дуна Компјутери е водечка македонска ИТ компанија која секојдневно ги движи своите клиенти низ бизнисот. Како експерт за корпоративни проекти, кој обезбедува целосни решенија  и насоки за интеграција и одржување во компаниите, мобилни решенија и управување со документи, Дуна претставува незаменлива сила на сите патувања на своите клиенти.

Дуна е лидер на пазарот со својата богата понуда на апликативен софтвер и на нови технологии, што произлегува од постојаното вложување во истражување и развој, а се со цел да се понудат решенија кои ќе им помогнат на компаниите да го подобрат својот бизнис. Софтверски решенија ULTIMA® на Дуна се наменети за различна деловна околина и имаат своја примена во голем број на дејности и индустрии. Денес, тие се синоним за стабилност и сигурност во управувањето со бизнисот на секоја компанија.

 

Полето на експертиза на Дуна опфаќа понуда на софтвер прилагоден на потребите и барањата на корисниците, а интегриран во комплексна околина. За да се обезбеди целосна услуга и најдобро можно корисничко искуство, тимот на Дуна ги нуди следните услуги:

  • консултација
  • проектен менаџмент
  • дизајн, анализа и планирање на бизнис процеси
  • дизајн, развој и имплементација на софтверски апликации
  • тестирање, одржување и контрола на квалитет на развиените решенија и интегрираните системи
  • веб базирани решенија
  • мобилни апликации (Windows и iOS)
  • RFID технологии
  • системска интеграција