Малопродажба

Малопродажбата претставува екстремно динамична индустрија, каде целта е да се стекне и задржи голема база на купувачи преку извонредна понуда на производи и исклучителна услуга кон добро информираните потрошувачи. За да се зголеми профитабилноста продавачите мораат да обезбедат супериорно искуство на корисникот, преку паметни одлуки и процеси. 

 

За да се постигнат целите на компанијата, ULTIMA® POS ги поедноставува дневните операции кои се одвиваат во малопродажбата, додека пак се обезбедуваат дополнителни алатки кои ја зголемуваат продуктивноста на вработените. Со примена на софтверско решение за малопродажба, се осигурува точност на информациите за артиклите, ценовниците, уредна документација и целосен преглед и контрола на финансиското работење.