ULTIMA® Enterprise e пакет со напредни софтверски решенија дизајнирани за да одговорат на потребите на големи компании со сложени организациски структури, процеси и процедури во работењето. Софтверот овозможува засилена контрола и зголемена ефективност на повеќе нивоа:
- комплетен преглед на материјалното и финансиското работење во компанијата
- контрола на сите влезни и излезни процеси
- пристап до широка база на податоци
- напредна аналитика на пазарите и потрошувачите
- стандардизација по финансиски правилници
- компатибилност со различни ISO стандарди
Пакетот вклучува Customer Relationship Management (CRM) за собирање податоци, анализа и генерирање извештаи за голема база клиенти. CRM обезбедува задржување на постоечките и стекнување на нови потрошувачи, врз основа на реални податоци за желбите и потребите на Вашите потрошувачи.
ULTIMA® Enterprise е наменет за компании кои имаат потреба од прилагодување на софтверот во зависност од специфичните потреби, а по претходно извршена анализа на процесите и тековите на документи и информации.